Европа добива нов гигант во дистрибуцијата на прехранбени производи

Објавено: 13 мај, 2015, во 10:16 часот

Холандскиот и белгискиот дистрибутер на прехранбени производи „Ахолд“ (Ahold) и „Делез“ (Delhaize) почнуваат разговори за евентуално спојување, со цел да формираат синџир на супермаркети со берзанска капитализација од 25 милијарди евра.

„Разговорите би можеле, а можеби и нема да резултираат со идна трансакција, компанијата ќе ја објави секоја евентуална важна информација, во согласност со прописите“, објавија двете фирми.

Белгискиот печат за време на викендот пишуваше за ова спојување, а извор за Ројтерс потврдил дека прелиминарните разговори се во тек.

Иако некои аналитичари се сомневаат во значењето на таквото спојување, вредноста на акцијата на „Ахолд“ скокна за 2,89 отсто на Амстердамската берза, а на „Делез“ 1,86 отсто на Бриселската берза.

Извор:Радио Канал 77

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.