Тајзи со нова песна и видео запис!
Објавено: 18 ноември, 2014, во 09:53 часот
Тајзи снима видео запис за неговата нова песна која ја работеше во соработка со DJ Iwayo. Во брз, модерен ритам, новиот сингл на Тајзи “Дај ми само ден” ќе биде промовирана со спотот за неколку дена.
Видеото e снимено на повеќе локации во и околу Куманово, а сценариото располага со многу статисти, група на моторџии познати како Indians, а главните улоги ги играат Тајзи, Ана Гавриловска и Игор Ѓуро Петковски. Во реализација на Иноватива Груп, Дарко Манасијески се потпишува како режисер на истиот.
Новата “Дај ми само ден” на Тајзи воедно Ве потсетува дека следува и неговиот прв, солистички концерт кој ќе се одржи во Универзалната сала, на 29.11.2014 (сабота), со почеток во 20:00 часот.
Периодов Тајзи неуморно се спрема за концертот со неговиот бенд за журка која не треба да се пропушти. Картите се во продажба во ограничен број, а истите по цена од 250 денари може да ги набавите преку продажната мрежа на МКTickets.
