(ВИДЕО) Првиот видео запис на Ален Хасановиќ

Објавено: 17 јули, 2014, во 07:06 часот

Победникот на годинешниот фестивал „Канео Фест 2014“, Ален Хасановиќ пред два дена во локално скопско кафуле го промовираше својот најнов видео запис.

„Морам да признаам дека сум презадоволен како помина промоцијата. Сакам да искажам голема благодарност до сите пријатели кои ме подржуваа во целиот проект. Во песната вложивме многу труд и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати и ќе се пронајде во неа. Јас сум комплетен автор на песната и навистина ми е многу мило што пред пошироката јавност го презентирав своето прво дело.

Официјалниот видео запис за српската верзија на песната го работеше Зати Продукција од Охрид, видеото излезе супер и јас сум презадоволен, но и сигурен дека и понатаму ќе соработувам со истата, веќе проверена екипа“, изјави Ален Хасановиќ.

Комплетен автор на песната е самиот Ален Хасановиќ.

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=bLV5LP6SWJE{/youtube}

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.