Се распаднаа „Доктори„!

Објавено: 17 јули, 2014, во 06:38 часот

Икс фактор заврши, а со шоуто заврши и една од најдобрите приказни!

Бендот ,,Доктори” повеќе нема да ги радува фановите ширум балканот. Кристина Ковач со тажно срце ги изнесе фактите зошто е тоа така!

Драги фанови,

Иако знам дека ова ќе предизвика бум во медиумите, чувствувам дека е моја обврска да ве известам, дека по повеќемесечниот труд да направам кариера за бендот „Доктори“,  на мое огромно жалење, бендот „Доктори“ повеќе не постои.

Додека се трудев  да им обезбедам шанса за успешна кариера дојдов до понуда на една од водечките светски дискографски куќи (со претставништво во Србија и регионот) за „Доктори“ да потпишат ексклузивен договор за снимање песни со можност за албум кој таа куќа би ги финансирала и би ги третирала како свој бр. 1 приоритет.

Вам, нивните фанови, ви должам објаснување зашто дојде до распад на бендот.

Еден од членовите го напушти бендот веднаш по завршувањето на „Х-Фактор“, без никаква желба за да продолжи понатаму, дури и кога дозна каква шанса има бендот со таа интернационална компанија.

Друг член, во еден момент, според мојата проценка и проценка на остатокот од бендот, започна да се однесува несоодветно со оглед на тоа што е дел од бенд, ставајќи ги своите интереси пред интересите на бендот. Тогаш јас, признавам на основа на досегашното искуство во музиката, реков дека нема да работам повеќе со нив.

И покрај сето тоа, дискографската куќа има желба да работи со нив и да пристапи кон разговори и преговори за потпишување договор со остатокот од групата „Доктори“.

Без оглед на таа среќна околност, трет член од „Доктори“деновиве ми соопшти дека тоа не му делува како добра идеја и дека тој ќе се посвети на свои песни и на своја соло кариера.

Јас морам да ви кажам дека сум многу тажна поради сето ова, но и разочарана.

И во својот однос со „Доктори“ и во работата со нив секогаш имав интерес за групата која ми беше на прво место, вложив апсолутен максимум во работата со нив на „Х-Фактор“, верував во нив, ги поддржував, одвојував многу време за нив, да ги подготвувам за настапите, искрено многу повеќе од кој било ментор.

Криво ми е што неискуството и некој друг начин на согледување на работите го однесоа приматот над шансите кои се случуваат еднаш во животот. Особено ми е криво за последните двајца членови, кои според моето мислење беа највредните, најразбраните и во односот и во работата и најкоректни кон мене.

На сите им посакувам успешни кариери, да не го запостават својот талент, да работат вредно и посветено и да прават паметни потези. И брзо да учат, тоа ќе им биде потребно.

А со некои од нив, верувам дека ќе соработувам со големо задоволство.

Тажната менторка, К.“

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.