Стомачни вирози и колапси – главни проблеми на кои се жалат пациентите
Летото и високите температури ги зголемија интервенциите на службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци, потврдува д-р Антоан Паракеов началник на ова служба.
Тој информира дека стомачните вирози и колапсите се најчести.
„Се интервенира кај пациенти со стомачни вирози проследени со проливи и повраќање, пациенти со опаднат крвен притисок, вртоглавица, а ќе ги има и колапсите се додека да се навикнеме на жешкото време“ рече д-р Паракеов и нагласува дека летото и поголемата раздвиженост во сообраќајот, за жал, ги зголеми и сообраќајните незгоди кои со себе повлекоа и поголема интервенција кај пациенти повредени при незгоди во сообраќајот.
Лекарите апелираат повеќе да се внимава на сопственото здравје. Хронично болните редовно да ја земаат својата терапија, да не се излегува на отворено во период од 10 до 17 часот, да се користат разладни уреди, да се конзумираат повеќе течности и лесна храна, а на себе да се носи лесна и светла облека.
