Како да препознаете и да се лекувате доколку ве каснал пајак?

Објавено на 1 јули, 2014 во 09:00

Само неколку видови пајаци можат да продрат доволно длабоко во човечката кожа и да испуштат отров доволно силен да сериозно влијае на човековото здравје.

Каснувањето од пајак обично е безопасно. Симптомите од каснувањето се јавуваат како резултат на вбризганиот пајаков отров. Јачината на симптомите зависи од количината на отровот на каснатото место и колку телото е осетливо на отров.

Типично, каснувањето од пајак изгледа како и секое друго каснување. Се појавува црвенило, воспалено и често болно е местото на кожата.

Каснувањето од безопасни пајаци често не предизвикува други симптоми од овие опишаните.

Болката се јавува обично по еден час. Се шири од местото на каснување кон стомакот, грбот или градите.

Се јавуваат стомачни грчеви или силна вкочанетост. Тоа понекогаш може да биде причина за пукање на слепото црево.

Потребно е да го исчистите каснатото место со сапун и вода. Ставете ладна облога за да се намали болката и воспалението. Ако каснувањето е на рацете или нозете тие треба да бидат подигнати. По потреба можете да коритстите и лекови против болка.

Во случај да сте гризнати од пајак наречен – црна вдовица, тогаш болката е посилна и симптомите се опасни по живот. Затоа потребно е да се обратите на лекар. Ќе ви биде ставен противотров, кој може да предизвика сериозни алергиски реакции. Затоа е потребно многу големо внимание.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.