Македонија е против Конвенцијата за намалување на производството на тутун
Не е можна замена на тутунот со друга земјоделска култура. Производството на тутун не се одразува на здравјето на луѓето кои се производители, но ја обезбедува нивната егзистенција. Најмалку 42.000 семејства живеат од производството на оваа култура. Тутунот учествува со 4 до 5 отсто во вкупниот извоз на земајта и полни 30 отсто од државната каса, jaви Плусинфо.
Ова се главните аргументи со кои државата застанува на страната на земјите големи производители на тутун, а против Рамковната конвенцијата на Светската здравствена организација за контрола на производството на тутун и намалување на емисијата на чад од тутун, за да се намали употребата на тутунот во светот.
Против примената на конвенцијата се и најголемите производители на тутун во светот Кина, Бразил, Индија, САД и Русија, на кои отпаѓаат две третини од производството на тутун во светот. Зад овој став стојат 131 земја производител на тутун.
Спротивно на овие земји, европските во текот на изминатите години го намалија производството на тутун.
– Конвенцијата од страна на нашата држава е ратификувана во 2006 година, но не е обврзувачка. Потпишана е во време кога скоро сите големи производители во светот ставија потпис на документот. Земјава е потписник и на Варшавската конвенција со која се предвидува намалување на површините под тутун. Но, тие не се обврзувачки за неа – вели Васко Ристовски, кој денеска го пренесе ставот на компанииите – преработувачи на тутун членки на Стопанската комора.
Тутунопроизводителите и тутунските компании во земјава сметаат дека принудното намалување на производството на тутун е неодрживо и доколку се применат одредбите од конвенцииите, тоа ќе биде погубно за домашното производство на тутун.
Текстор во целост прочитајте го тука.