Ќе се раздружат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во Струга?

Објавено на 4 октомври, 2013 во 16:23

СДСМ соопшти дека ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Струга, затоа што владејачката партија отстапила од принципот на коалициски договор со СДСМ и прифатила претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата „Заедно за Струга“.

„Владејачката партија манипулира исклучиво за лични и партиски интереси. Нема друго оправдување за овој неразумен потег. Коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место во Советот, коешто требаше да го добие коалицијата, во интерес на граѓаните Македонци од Струга“, се наведува во соопштението.

СДСМ истакнува дека затоа што личните и партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ се ставени над интересите на граѓаните на Струга, опозициската партија отсега во овој град самостојно ќе ги брани интересите на стружани.

Претпладнево, СДСМ ја предупреди ВМРО-ДПМНЕ дека ако на денешната седница на Советот на Струга не биде избран претседавач од редовите „Сојузот за иднината“, ќе заврши коалициското дејствување на двете партии.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.