Српска пченица стигна во Македонија
Најголем дел од 90.000 тони пченица од стоковите резерви на Србија, кои исчезнаа, завршија како брашно кое се продава по дампинг цени во Македонија, тврдат преставници на македонската власт и мелничарите.
Оваа вест ја пренесоа српските медиуми доцна ноќеска. Тие се повикаа на официјални информации на нашето министерството за земјоделство кои покажувале дека во последните 18 месеци од Србија во Македонија влегле повеќе од 70.000 тони брашно по многу ниски цени. „Брашното во Македонија чини 16 денари за килограм или 29 динари а истото тоа брашно во Србија е 50 отсто поскапо“, пренесоа медиумите во Србија.
Министерот за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски пред пратениците во Комисијата за земјоделство во македонскиот парламент покажа фискални сметки, кои како што тврдеше, ја потврдуваат злоупотребата на српските стокови резерви кои направија дебаланс на македонскиот пазар.
– Изминатите неколку месеци во Македонија се увезени 153.000 тони пченица и 70.000 тони брашно што го наруши домашниот пазар, истакна Димовски.