Пред берба заштитете го лозјето од пепелница
Кога ќе почне бербата на првите сорти на грозје тогаш финишираат работите во неготинските лозја.
Сепак иако е така закана за лозјето претставува болеста пепелница која може да направи големи штети на насадите а онаму каде се појавил гроздов молец треба да се изврши прскање со средства против втората генерација на молци.
Заштитата треба да продолжи кај младите лозови насади, од лани или од оваа година, зашто не треба лозарот да дозволи да дојде до заболување на младите ластари и листовите.
Крајот на овој месец и почетокот на наредниот лозарите треба да ја извршат последната заштита за оваа година.
Таму каде има зараза од пепелница или болеста сиво гниење треба да се врши почесто прскање и да се вадат лисјата околу гроздовите за да може инсектицидот подобро да допре до гроздот.
Сепак при ова треба многу да се внимава за да не се отвори листот премногу на сонце зашто би дошло до оштетување на гроздот. /Б.Н.Т