Тодоровиќ: Слободен увоз на пченица во Македонија најдоцна за месец и половина
Објавено на 22 јули, 2013 во 21:33
Македонија денеска се обврза дека во разумен рок ке ја повлече спорната одлука за ограничен увоз на пченица и брашно, јави Танјуг пренесувајки ја изјавата на помошник министерот за надворешна и внатрешна трговија во Србија, Бојана Тодоровиќ.
Рокот не е прецизиранно бидејќи станува збор за специфични производи се очекува тоа да биде помеѓу еден или најдоцна за месец и половина, им рече Тодоровиќ на новинарите по завршувањето на специјалното заседание на заедничкиот комитет на ЦЕФТА во Белград.
Таа потсети дека денешниот состанок на Комитетот е организиран на барање на Србија поради „нелегалните мерки“ на Македонија во поглед на увозот на пченица и брашно во таа држава.