Здравствените предности на сончевата светлина!

Објавено на 11 јули, 2013 во 07:10

Сите ние особено во летниот период се обидуваме да ја избегнеме сончевата светлина бидејќи е остра и силна и лошо влијае на нашата кожа. Меѓутоа и покрај тоа постојат и здравствени предности на сончевата светлина.

Многу медицински стручњаци веруваат дека здравствените предности на сончевата светлина далеку ги надминуваат штетни последици. Вистина е дека УВ зрачењата можат да предизвикаат рак на кожата и разни други кожни проблеми но, потребна сончевата светлина за да се произведува витаминот D во нашето тело. Многу вработени професионалци кои работат во затворен простор од зора до мрак имаат недостаток на витамин D, бидејќи не се изложени на сонце. Ако уживате во раното утринско сонце тогаш го намалувате ризикот од проблеми со кожата и други здравствени ризици. Значи,се што морате да направите е да се дигнете од кревет рано и да поминете еден час на утринското сонце.

Производство на витамин  D

Изложувањето на сончеви зраци е главен извор на производство на витамин D во телото. Витаминот D  како што знаете е важен за апсорпција на калциум во коските. Затоа  витаминот D е одговорен за здравјето на коските.

Го подига расположението.

Излегувањето на сонце е инстант начин да се расположите.

Внимание

Се смета дека луѓето кои минуваат долги часови на сонце(до 6 часа дневно) се многу по будни и повнимателни во вечерните часови. Една од благодетите на сонцето е да помага во отстранување на замор.

Ги согорува мастите

Неодамнешната научна студија покажува дека сончевата светлина може да помогне за согорување на маснотиите.

Астма

Астмата е пореметување на дишењето кое се јавува  главно поради алергија. Изложувањето на сонце може да помогне да ја намалите својата чувствителност на алергии. Помага во спречување на Алцхајмеровата болест. Истражување, спроведено неодамна, вели дека неколку часа на сонце помагаат во спречување на оваа болест.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.