Каиро:Поддржувачите на Морси одат кон државната телевизија!
Во демонстрациите во Каиро денеска во знак на поддршка на симнатиот претседател Морси настрадаа тројца луѓе. Уште двајца полицајци се убиени а репортерот на Би Би Си е полесно ранет.
До пукање дојде кога приврзаниците на Морси се доближија до зградата во која претседателот се наоѓа од вторникот вечерта веднаш откако беше симнат од власт.
Би Би Си потврди дека репортерот Жереми Бауен е ранет додавајки дека се чувствува добро. Тој на твитер напиша: „Ви благодарам на пораките. Погодем сум од куршум. Добро сум и го напуштам местотот на случувањето“.
Неколку стотини исламистички поддржувачи на симнатиот египетски претседател Морси вечерва тргнаа кон националната телевизија на брегот на реката Нил во центарот на Каиро.
Очевидци потврдија дека го преминале мостот на Нил во близина на плоштадот Тахрир каде се наоѓаат противниците на Морси.
Таму се наоѓа и војската во оклопни возила која соопшти дека има намера да ги држи на безбедна далечина спротивставените граѓани. Исламистите го поминаа мостот и се собраа пред седиштето на телевизијата, јави Ројтерс.
Претходно медиумите јавија дека има ранети во наизменични престрелки помеѓу војската и демонстрантите кои ги предводи Муслиманското братство. Тие го поддржуваат Морси и ги повикуваат граѓаните на масовни протести.
Инцидентот во кој пред една владина зграда се убиени двајца полицајци, рано денеска, се случи во градот Ел-Ариш на Синај.
