Сноуден доби предлог за брак од руска екс-шпионка
Објавено: 4 јули, 2013, во 12:49 часот
Бившата руска шпионка, Ана Чапман, јавно му предложи брак на Едвард Сноуден.
„Сноуден, ќе се ожениш ли со мене?“ напиша Чапман на својот твитер профил.
31-годишната Чапман во 2010 беше откриена како руска тајна агентка која се претставуваше како агент за недвижнини во Њујорк. Таа беше депортирана од Русија со девет други лица во размена на затвореници. Чапман доби популарност во Русија и сега работи како модел и водител на емисии.

Сноуден е заглавен на аеродромот во Москва од 23 јуни, неговиот пасош е неважечки и 21 држава му ја одби апликацијата за азил. Можеби е време на размисли за предлогот на црвенокосата провокативна колешка.
Л.С.
