Вистинскиот „Кум“

Објавено: 2 јули, 2013, во 12:30 часот

Лицето-инспирација зад „Кум“ на Френсис Форд Копола е мафијашот Грегори Скарпа.

Бруталниот, но и интелигентен мафијаш убивал со децении и бил вмешан во нелегално коцкање, изнуда, киднапирање, фалсификување кредитни картички, кражби и дрога.

 

Скарпа истовремено бил платеник на ФБИ, како важен информатор на агенцијата. Се верува и дека манипулирал ФБИ агенти со кои бил во добри односи, во интерес на сопствени цели. Во својата 42-годишна кариера тој поминал само 30 дена во притвор.

Во книгата „Договор со ѓаволот“ на Питер Ленс прв пат се обелоденува дека Скарпа е инспирацијата за „Кум“. Превземени се не само неговата личност, туку и многу настани, мафијашки ритуали и структури на организација.

Л.С.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.