Антивладини и контрапротести на улиците на Софија!

Објавено: 27 јуни, 2013, во 20:46 часот

Во центарот на Софија и вечерва маршираат илјадници луѓе и бараат оставка на Владата.

Демонстрантите се собраа на плоштадот „Независност” пред Министерскиот совет и продолжија со поворката кон Народното собрание и Орлов мост, па се до Националниот дворец на културата во центарот на Софија.

 

Освен во Софија вечерва против владата  се протестира и во градовите Пловдив, Варна, Бургас, Велико Трново, Габрово и други.

Во исто време на со демонстрантите на антивладините протести, на улиците на главниот град во Бугарија, се излезени и поддржувачите на кабинетот на Орешарски. На контрапротестите се бара шанса за владата да покаже што може за што се потпишува петиција.

Антивладините демонстранти немислат така и најавија интензивирање на протестите за петок и во престојниот викенд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.