Патната инфраструктура особено важна за развој на подкожувските села!

Објавено на 26 јуни, 2013 во 13:04

За развој на стопанството и туризмот во Подкожувјето особено важно е поврзувањето на Демир Капија со Битола, сметаат тиквешани. Тие ја нагласуват потребата од асфалтирање на патот од Демир Капија до селото Крњево и од селото Долна Бошава до селото Конопиште.

Според нив тоа би значело и можност за голем број иселеници да се вратат на родните огништа во селата под планината Кожуф и таму да најдат егзистенција.

 

Иако тиквешани, пред се кавадарчани имаат таква желба, засега државата нема обезбедено средства за изградба на овие патни правци.

„Локалната власт и државата ќе сторат се што е во нивна можност ова прашање да се актуелизира што повеќе и да се затвори со финансиска конструкција„ рече градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов. Ист е ставот и на првиот човек на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Градоначалникот Панов откри дека општината наскоро ќе аплицирала во Фондот за погранична соработка и Агенцијата за рурален развој за изградба на патот Демир Капија до селото Крњево и од Кавадарци до селото Дисан. Во меѓувреме интензивно „Гранит“ работи на асфалтирање на патот Кавадарци-Мушов гроб, мошне значаен патен правец кој беше во лоша состојба.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.