Андроид го освојува светот!
Аналитичката куќа „Гартнер“ го објави своето предвидување во ИТ индустријата, барем што се однесува до продажбата и испораката на уреди.
„Гартнер“ предвидува раст на испорачани уреди на 2,35 милијарди во годинава, односно 2,5 милијарди во 2014 година. Најголем дел од нив ќе бидат ефтини, а се работи за преносни уреди како што се таблети и мобилни телефони.
Смарт, или паметните телефони и понатаму, според оваа анализа ќе бидат најпопуларни. Се предвивдува дека годинава во светот ќе бидат испорачани 1,8 милијарди паметни телефони.
Од „Гартнер“ напоменуваат дека паметните телефони и таблетите имаат се подолг животен век и во наредниот период акцентот ќе бил ставен на софтверот, а не на хардверот.
Спрема нивните предвидувања, Андроид ќе го освои светот, па повеќе од една третина од сите продадени уреди годинава ќе користат Андроид, а следната година тој број ќе се искачи на половина од вкупниот број уреди,
