Како да ги спречите болките во грбот?
Објавено на 25 јуни, 2013 во 10:07
Бројни работи денес бараат осумчасовно седење пред компјутер,односно неправилно држење на рбетот.
Често забораваме дека рбетот,како и мозокот е дел од централниот нервен систем. Затоа ако тој не е здрав како резултат на тоа ќе се појават болки во грбот,слабост на рацете и нозете,отежнато дишење или лошо варење.
Исправете го рбетот додека шетате. Ќе изгледате повисоки,посамоуверени,полесно ќе дишете и ќе го зголемите нивото на енергија во организмот. Кога телото е во правилна положба притисокот на рбетот е минимален.
За поцврст рбет,правете вежби десет минути дневно: истегнете го вратот,изведете блага масажа на грбот,истегнете го трупот во клекнат став.
