На изборите во Албанија сите се победници!
Објавено: 24 јуни, 2013, во 08:08 часот
И власта и опозицијата слават победа на изборите во Албанија.
Како што пренесува Радио Слободна Европа, во отсуство на официјални резултати и владејачката Демократска партија на премиерот Сали Бериша и опозициските социјалисти предводени од Еди Рама прогласија победа. Лидерот на социјалистите Еди Рама изјави дека силите на злото биле победени.
Според Социјалистите опозицијата освоила 55,5 проценти од гласовите, наспроти 43,5 на власта. Демократите на Бериша пак тврдат дека тие победиле.
Владејачката партија освоила 48 отсто од гласовите, наспроти 46 на опозицијата. По тензичната кампања, тензично мина и гласањето во Албанија. Еден човек беше убиен, а двајца беа ранети во пукање на едно гласачко место во градот Лач. Еден од ранетите е кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша.
