Ладниот туш има повеќе предности!

Објавено на 22 јуни, 2013 во 09:56

Ладниот туш има неколку сигурни добри страни за човечкото здравје.

Ја подобрува циркулацијата

Топлата вода ја движи крвта кон кожата, а ладната обратно, кон органите за да ги топли. Ова ја подобрува циркулацијата и помага да се исфрлат отровите од телото. Здравата циркулација штити од хипертензија, ги јакне артериите и го намалува времето на опоравување од интензивна физичка активност.

Ги одржува кожата и косата здрави

Секогаш ви велеле да го миете лицето со топла вода затоа што ги отвора порите. Порите треба да бидат чисти, но потоа е важно да се затворат за да не се наполнат лесно со нечистотија и маснотија, а тоа го постигнува ладната вода. Исто така, овозможува крвните садови да се стегаат, што ја намалува отеченоста на лицето и спречува појава на подочници.

На косата делува исто како и на кожата. Ги затвора кутикулите, а така скалпот останува поздрав спречувајќи нечистотијата лесно да се собира на него. Топлата вода, покрај надворешната нечистотија, ги измива од косата и природните масти, притоа, за да компензира, телото лачи уште повеќе масти. Ова може да произведе масна или сува кожа. Затоа, туширање со ладна вода е подобар избор.

Го јакне имунитетот

Истражувањата покажуваат дека жените кои редовно се туширале со ладна вода имале поголем број бели крвни клетки споредено со жените кои практикувале туширање со топла вода. Белите крвни клетки се клетки на имунолошкиот систем вклучени во одбраната на организмот од инфекции, болести и туѓи тела. Метаболички степен (забрзан метаболизам) што е предизвикано од ладната вода и обидот на телото да се загрее, го активира имунолошкиот систем и создава повеќе бели крвни клетки.

Штити од депресии и придонесува за општо добро

Се смета дека краток ладен туш ја стимулира т.н. сина точка во мозокот, примарен извор на норадреналин, кој ослободува од депресија. Истовремено го балансира автномниот нервен систем, кој нѐ прави будни но и опуштени и го ублажува стресот.

Најтежок момент во туширањето со ладна вода е почетниот момент, кога на телото ќе се почувствува првиот млаз ладна вода. Но, како што е вообичаено за човечката природа, и на тоа ќе се навикнете.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.