Кога стануваме како своите мајки?

Објавено: 21 јуни, 2013, во 08:40 часот

Вашата мајка сигурно многу пати успеала да ве исфрли од такт. Многу е веројатно дека и вие еден ден ќе успеете да ја извадите од такт вашата ќерка. Веројатно со истите работи. Зошто? Затоа што ќе станете токму како вашата мајка…

Истражувањето кое неодамна во Велика Британија го спроведе синџирот коцкарници Dotty Bingo, покажало дека жените кога ќе наполнат 31 година стануваат се послични на своите мајки. Почнуваат да ги имитираат и престануваат да се спротивставуваат  против нивните совети и начин на размислување. Понекогаш, почнуваат да ги имаат истите хобија, телевизиски програми и исти типови на мажи.

Можеби сево ова ќе ви звучи како научна фантастика но причекајте го 31 роденден. Ако веќе сте зачекориле кон четириесеттата, веројатно сте почнале да ги преземате навиките од вашата мајка иако за тоа никогаш не сте размислувале.

Само немојте да му го кажете ова на вашиот сакан. Можеби некои навики на вашата мајка опасно го лутат затоа е подобро да не знае дека истите навики сте ги прифатиле и вие.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.