Работи кои ги потемнуваат вашите усни

Објавено: 20 јуни, 2013, во 10:57 часот

Најдобар бјути совет е да имате убава насмевка. Освен забите,важна улога во насмевката имаат и розовите усни. Еве неколку работи кои влијаат на тоа вашите усни да ја изгубат розовата боја.

Пушење

Сите ние знаеме дека темните усни се резултат на пушењето. Никотинот го предизвикува потемнувањето. Една од главните причини зошто треба да престанете да пушите е поради штетата која ја предизвикува на бојата на усните.

Кофеин

Познато е дека кофеинот создава дамки на забите и ги прави жолти. Но уште една појава е да пиењето кафе и чај да предизвика темни усни. Вашите усни ќе станат темни и сето тоа зависи од количината која ја пиете. Тоа единствено може да се спречи со пиење на многу вода.

Изложување на сонце

Сонцето го зголемува производството на пигментот меланин на кожата. Нашите усни се многу чувствителни на постојаната изложеност на сонцето и колку подолго сте изложени толку стануваат и потемни. Тоа може да се постигне со користење на балсам со УВ заштита.

Хидрирање

Не консумирањето доволно на вода може да предизвика дехидрирање. Усните ќе се исушат и со текот на времето ќе станат потемни ако е телото дехидрирано. Погрижете се да ги пиете препорачаните 2-3 литри вода дневно за да ги хидратизирате вашите усни.

Алергени

Темните усни можат да предизвикани од некои супстанци во козметиката. Вашиот кармин или сјај за усни може да содржи одредени бои или мириси кои предизвикуваат алергиска реакција. Погрижете се да го тестирате производот на вашата кожа пред да го купите.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.