Масовни демонстрации во Бразил!
Бразил се соочува со најголемите протести по повеќе од дваесет години, пренесува Вашингтон пост. Над 200.000 демонстранти се слеаа по улиците во Сао Паоло, Бразилија, Рио де Жанеиро и четири други поголеми градови за да протестираат против социјалната состојба во земјата.
Според Асошиејтед прес, демонстрациите почнале минатата недела по покачувањето на цената на автобускиот превоз за 10 центи како и покачувањето на цените на метроата што во земјата се спроведува од први јуни годинава.
Десетици демонстранти на социјалните мрежи напишаа дека сега протестите се заради нешто повеќе од 20 центи: заради сиромаштијата, даночните оптоварувања, политичката корупција, социјалните услуги и растечката фрустрација од големите буџетски трошења за организацијата на Светското фудбалско првенство во 2014 и Олимписките игри во 2016.
Граѓаните на Бразил сметаат дека наместо светско првенство парите треба да се трошат за болници и образование. Бразил како и Турција се наоѓа на непријатна крстосница во развојот.
Новинар на Ројтерс на Твитер објави дека против демонстрантите и во двете земји се користел солзавец произведен Бразил./Н.Р