Реакција на претседателот Иванов на соопштението на Х.Е.Р.А!
Претседателот на Република Македонија реагира на соопштението на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., според која со потпишување на указот за новиот Закон за прекинување на бременост од страна на претседателот Ѓорге Иванов, Македонија престанала да биде пример за земја со либерални права во Европа.
– Изнесените тврдења и обвинувања во соопштението на Х.Е.Р.А. воопшто не соодветствуваат со ставовите на нивните претставници изнесени на остварената средба во Кабинетот на Претседателот, и од тие причини истите ги оценуваме како неосновани – соопшти Кабинетот на Претседателот на РМ.
Асоцијацијата Х.Е.Р.А бараше повлекување на законот кога тој беше во собраниска процедура. Организираше протести пред Собранието на РМ, кое минатата недела го донесе Законот за прекинување бременост.
Х.Е.Р.А најави оспорување на законот пред Уставниот суд.