Укинат патничкиот воз од Белград за Сплит!
Објавено на 18 јуни, 2013 во 08:06
По осум години возот „Јадран Експрес“ повеќе нема да сообраќа на релација Белград – Сплит, пишува весникот „Новости“.
Хрватски железници повеќе не гледаат интерес во постоењето на редовниот воз со кои се превезуваа патници, најмногу од Србија, од Белград до Сплит, на брегот на Јадранското море.
Тие бараат висок надомест па Железници Србија нема да ја пушти линијата до Сплит.
Од Железници Србија велат дека “Јадран Експрес”, беше многу популарен. Сообраќаше еднаш неделно, во петок, а се враќаше во саботата. Возот беше секогаш полн и секогаш имаше барања за дополнителни билети.