Соја сосот може да биде опасен по живот!
Објавено: 14 јуни, 2013, во 07:50 часот
Колку соја сосот може да биде опасен по живот на својата кожа искусил еден деветнаесет годишник од Вашингтон кој поради облог испил еден литар и завршил во кома. Тој едвај останал жив поради преголема количина на сол во организмот.
Откако го испило соја сосот момчето добило напади поради кои пријателите морале итно да го однесат во болница. Но, пред да стигне во болница западнало во кома. Пет часа по пружената прва помош нивото на сол во организмот се вратило во нормала а тој од кома излегол дури по три дена.
Среќа во несреќа е што момчето е првото лице кое го преживеало предозирањето со сол без трајни последици на здравјето поради што овој случај добил свое место во списанието “Journal of Emergency Medicine”.
Оваа болест е опасна бидејќи мозокот останува без вода поради што може да почне да крвави.
Како што пишува “Hafington post”,литар соја сос содржи до 160 грама сол затоа умерено дозирајте.
