Прозевањето го лади мозокот а трае во просек шест секунди!
Објавено: 14 јуни, 2013, во 06:11 часот
За разлика од р`чењето или несоницата, причина за прозевањето и неговата поврзаност со сонот до денес не е сосем разрешена иако постојат неколку теории. Најпопуларна е дека луѓето се прозеваат во недостаток на кислород. Повеќе студии го поврзуваат прозевањето со досада а оние најновите покажуваат дека мозокот на тој начин се лади.
Прозевањето е заразно и тоа најмногу меѓу блиски луѓе
Гледаат ли филм на кој други се прозеваат, дури 50 насто од луѓето ќе почнат инстинктивно да се прозеваат,покажало истражувањето на Универзитетот Maryland. Според него, прозевањето е заразно и меѓу животните како шимпанзо, риби, птици и рептили.
-„Зевањето постои како социјален феномен повеќе отколку како физиолошка појава а поврзано е со емпатија“, – вели професорот по психологија Robert Provine.
Сепак,според неодамнешните испитувања прозевањето е најмногу заразно меѓу блиските пријатели и членовите на семејството. Тоа ја поддржува теоријата на емпатија,бидејќи спрема блиските луѓе имаме интензивни чувства и со нив повеќе се „синхронизираме“.
Може да биде и знак на болест
Прозевањето може да се јави и како пропратен симптом на некои болести. Најчесто се работи за хроничен недостаток на сон предизвикано со претерана активност на нервите и е сигнал за болести на срцето. Во ретки случаи постојаното прозевање може да биде симптом на нервни болести.
Дури и фетусите се прозеваат
Никој не знае зошто точно но и неродените бебиња се прозеваат што се гледа на 4D ултразвуците. Научниците веруваат дека нивното прозевање е поврзано со развој на мозокот а може да се користи и како сигнал за нормален развој на фетус.
Просечното прозевање трае шест секунди
За време на тие просечни шест секунди колку што трае ,бројот на срцевите удари значително се зголемува а притисокот расте. Луѓето во просек се прозеваат околу десет пати на ден а стресот,заморот и досадата ја зголемуваат веројатноста за прозевање.
