Забавувајте се со странец!

Објавено: 12 јуни, 2013, во 09:26 часот

Понекогаш е едноставно да се забавуваш со обично момче од соседството но некогаш е многу поинтересно да се забавуваш со комплетен странец кој не го ни знае нашиот јазик. Зошто е ова интересно?

Прво,кога се забавувате со странец тие обично имаат интересен акцент па кога нешто ќе се обиде да ви каже на вашиот јазик,едноставно не можете да му одолеете.

Работите кои ги зборуваат нашите фраери веќе одамна се познати па така и веќе не ви се интересни а странецот ќе ви понуди нешто сосем ново. Нешто што досега не сте го слушнале.

Кога ќе запознаете странец,сте го запознале само него и тој ве запознал само вас па така нема никогаш да ви се случи дека тој знае некој кој може да му каже нешто лошо за вас.

После некое време откако се забавувате саканиот сигурно ќе посака да ви ја покаже земјата од каде што доаѓа па така патувањата сигурно и нема да ви недостигаат.

Освен што со него добро ќе се забавувате и патувате бидете сигурни дека ќе научите и усовршете некои од странските јазици. Тоа секако дека ќе ви овозможи многу работи во животот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.