Туристите се жалат од таксистите во Охрид!

Објавено на 12 јуни, 2013 во 08:42

Оние малку туристи кои овој период престојуваат во Охрид се жалат на некоректниот однос кој го имаат одрдедени таксисти во централното градско подрачје. Тие велат дека дел од охридските таксисти за превоз до селата Пештани, Коњско и Елшани наплатуваат од 10 евра во текот на денот, односно 15 евра во вечерните часови, без при тоа да ги вклучат своите таксиметри, објави Охрид њус.

– Уверете се сами, направете се странец и прашајте колку чини превоз до Пештани. Ако се ценкате, можете да спуштите до 500-тини денари. Интересно е што цената кај сите превозници е иста, односно договорена однапред. Секогаш прашуваат колку луѓе сме, па по пат да соберат уште некој. Сепак, ретко можете да најдете некој кој ќе ве одвезе до подалечните дестинации со вклучен таксиметар. Обично не ги користат“ – велат револтирани гости од Србија.

Во текот на зимскиот период, охридските таксисти до крајбрежните села возат по цена од околу 300 денари со вклучен таксиметар.

Инаку, ова не е невообичаена слика за Охрид, со оглед на тоа што изминативе години туристите и самите охриѓани се жалат дека таксистите наплаќаат „дупло“ во текот на туристичката сезона.

За жал ваквото несовесно однесување на поединци, е на штета и на самите таксистите и такси компании кои сериозно ја извршуваат дејноста, и негативно влијае на имиџот на градот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.