Зошто електронската пошта е лоша?

Објавено: 10 јуни, 2013, во 07:45 часот

Примањето,чекањето и праќањето мејлови особено кога тие работи ја прекинуваат порано започнатата работа го зголемува стресот кај луѓето,покажала најновата британска студија.

Тим научници од Универзитетот „Loughborough“ наскоро ќе ги објави резултатите од опширната студија за тоа како тие работни задачи влијаат на здравјето. Дел од резултатите пред објавувањето на увид ги имаше магазинот „Time“, кој ги пренесува најинтересните заклучоци во врска со електронската пошта.

Научниците ги следеле вработените во триесет државни претпријатија, пратејќи ги нивните обврски и задачи паралелно со нивната здравствена состојба. Забележано е дека дури 83 отсто од вработените се изложени на зголемен стрес со секое добивање на нов мејл, особено ако тие бараат одговори.

Примањето, читањето и праќањето мејлови директно влијае на покачување на брзината на пулсот, зголемување на крвниот притисок и поголемо лачење на кортзиолот, хормонот на стресот. Како едно од можните решенија, авторот на студијата Tom Džekson го наведува подобрата организација на електронската пошта.

-Мозокот во еден момент може да извршува од осум до дванаесет задачи и во случај повторно да се соочувате со нови обврски, веќе еднаш би требало да го средите сето она што ве затрупало,- објаснува професорот Džekson.

Целокупните резултати од студијата ќе бидат објавени до крајот на месецот а професорот Džekson најавува уште интересни откритија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.