Средба на Груевски и Заев!
Објавено на 6 јуни, 2013 во 06:23
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен премиер, Никола Груевски, денеска ќе се сретне со новиот претседател на СДСМ Зоран Заев.
Според најавата средбата ќе се одржи во Владата со почеток во 13 часот.
Средбата што ја иницираше Груевски, аналитичарите ја оценуваат како добра можност за подобрување на политичкиот дијалог во земјата.