Најнови истражувања: Мажите не сакаат жени со многу шминка и високи штикли!
Објавено: 5 јуни, 2013, во 09:31 часот
Најновата анкета на британскиот весник “The Sun” покажала дека на мажите кај жените не им се допаѓа премногу лажен тен и нападна шминка.
Резултатите од анкетата покажале дека од 35 отсто од мажите тврдат дека жените со лажен тен и премногу нападна шминка им изгледаат непривлечно.
Од друга страна повеќе од 50 отсто од мажите кажале дека преферираат шминка која го истакнува природниот изглед на жената.
Исто така околу 25 отсто од анкетираните мажи рекле дека не сакат нападни и модерни чевли како чевли со изразено висока штикла.
Наведената анкета покажала дека трошењето на премногу пари на облека од познати светски марки за мажите е губење време бидејќи за многумина од нив нема особено голема разлика во модните марки.
Истражувањето на списанието “The Sun” покажало дека 47 насто од мажите преферираат жени во фармерки и обична маица.
