Еврокомесарот Филе денеска во Македонија!
Објавено на 31 мај, 2013 во 07:25
Еврокомесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе денеска ќе допатува во Охрид, каде ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи кој се одржува во рамки на Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа.
Филе доаѓа во чувствителен момент, непосредно по откажувањето на самитот на претседатели од Југоисточна Европа, што требаше да се одржи викендов во Охрид.
Се очекува еврокомесарот да им се обрати на присутните шефови на дипломатиите на државите од Југоисточна Европа и притоа да побара од нив тесно да соработуваат во овозможувањето на останатите држави од регионот да и се приклучат на ЕУ.