Украдени слики на Мерлин Монро!
Објавено: 23 мај, 2013, во 06:45 часот
Украдени се фотографиите на американската филмска ѕвезда мерлин Монро,кои требало да бидат дел од изложбата во Прашкиот дворец.
Изложбата требало да биде отворена на 30 мај а кражбата е извршена во понеделникот,кога ги снемало и куклите и изложбените витрини.
Кустосите на Музејот на Салваторе Ферагамо од Фиренца лани ја подготвија изложбата,по повод 50 годишнината од смртта на Мерлин Монро.
Изложбата ја сочинуваат фустани,чевли,фотографии и дневници а после Прага таа требало да биде претставена во Токио.
