„Мелемот“ на Калиопи ја доживеа и промоцијата во Загреб
Македонската поп дива Калиопи во присуство на многу пријатели, колеги музичари и обожаватели во клубот „Green Gold“ во Загреб, ја одржа промоцијата на „Мелем“.
„Јас својот мелем за душа го пронајдов во овој албум, се надевам дека и вие ќе го пронајдете вистинскиот мелем“, со овие зборови Калиопи ги поздрави многубројните пријатели, колеги музичари како и верните фанови кои беа присутни на промоцијата.
„Green Gold Club“ вчера беше место каде можеа да се забележат многу познати личности кои пристигнаа за да и дадат поддршка на Калиопи, меѓу кои беа, Северина, Тереза Кесовија, Кемал Монтено, Тешка Индустрија, Ана Рунчер, Неда Украден, Марина Томашевиќ и други.
Македонската дива Калиопи со песната „Црно и Бело“ ја потресе Европа, а вчера со својот глас и песните од новиот албум како што се, „Мелем“, „Локомотива“, „Ако“ ги крена сите на нозе, покажа дека соработката со поранешниот сопруг Ромео Грил е повеќе од одлична комбинација./В.Р
Извор: Хит Рекордс
Фото: Хрвоје Баниќ