Како да ги исчистите дамките од мрснотии?
Секоја домаќинка знае дека од дамките од мрснотии не се ослободува така лесно. Веројатно и самите неколку пати сте имале проблеми со отстранување на дамките од мрснотија од разни предмети,како облека, стакла, ѕидови и слично. Она што навистина треба да го знаете е вистинската формула за чистење на ѕидови. Мрсните дамки на стакло се разликуваат од тие на облеката.
Поради тоа мора да знаете две различни формули за чистење. Еве ви неколку совети:
Мрсни дамки од садовите.
Мијте ги садовите под млаз вода за да се ослободите од вишокот на масло. Потоа нанесете сол на парче лимон и истријте го дното. Тоа ќе ја намали мрснотијата и ќе ви помогне да го исчистите садот.
Мрсни дамки од облеката.
Никогаш немојте да ја перете облеката заедно доколку имате некое парче со мрсни дамки. Мрснотијата може да се прошири и на другите алишта. Нанесете малку концентрирана течност за миење садови на дамката и втријте полека. Потоа нормално исперете ја облеката.
Мрсни дамки на мијалникот.
Ако имате метален кујнски мијалник сигурно повеќе пати сте го измрсиле и не сте знаеле како да го исчистите. Измешајте малку оцет со сода бикарбона и темелно истријте го миајлникот. Оставете така да стои десетина минути потоа исперете го со млака вода.
Мрснотија на рацете.
Шеќерот како што знаете е природен пилинг. Измешајте малку шеќер со оцет и тријте ги рацете 2-3 минути. Измијте ги со млака вода и вашите рацете целосно ќе бидат чисти.
Мрсни дамки на ѕидот.
Пред се натопете ја мрсната дамка со хартиена крпа. Потоа земете сунѓер натопете го во оцет и избришете го мрсното место. Ставете малку пудра во прав да ја собере мрснотијата.
Мрсни дамки на подот.
Земете сода бикарбона, оцет и исчистете ги мрсните дамки на подот. Оставете да стои 5 минути. Потоа натопете ја крпата во млака вода и избришете ги дамките.
Мрсни дамки на стакло.
Измешајте две лажици сода бикарбона со пола шоља вода. Нанесете ја оваа густа смеса на мрсните стаклени површини. Натопете сунѓер во млака вода и избришете ги дамките.