По што машкиот мозок се разликува од женскиот?
Мозокот е една од последните oбласти која медицината се уште до крај не ја објаснила. Уште точно не се знае како сите тие крвни садови, мозочни ќелии и нерви работат за да функционира живот во телото ниту зошто има разлика во функцијата на машкиот и женскиот мозок.
Просечниот човечки мозок е тежок 1,36 килограми или нему му припаѓа околу два отсто од вкупната телесна тежина на човекот. Мозокот троши и 20 отсто од телесната енергија повеќе отколку кој било друг орган како и 20 отсто кислород. Една од најголемите гатанки за мозокот е каква улога игра кај мажите а каква кај жените. На пример, се чини дека жените се наклонети кон депресија, додека невролошките заболувања како Паркинсонова болест повеќе ги загрозуваат мажите. Уште по контроверзни се истражувањата кои тврдат дека полот не само што влијае на здравјето на мозокот туку и на начинот на кој тој функционира.
Мажите имаат поголем мозок
Во просек машкиот мозок е за 8 до 10 отсто поголем од мозокот на жените. Исто така некои подрачја на машкиот и женскиот мозок се со различни големини. Студијата на научници од Харвард открила дека оние делови кои го регулираат донесувањето на одлуките и решавање на проблемите е пропорционално поголем кај жените.
Мажите побрзо ја чувствуваат опасноста и тие побрзо реагираат.
-„Женскиот мозок никогаш не мирува, за разлика од машкиот. Затоа жената секогаш внимава“-вели британскиот доктор Ен Моар, автор на книгата “Brain Sex: The Real Difference Between Men And Women”. За време на еволуцијата жените биле одговорни за децата па затоа се особено внимателни.
Кој посилно ја чувствува болката?
Жените чувствуваат болка посилно од мажите па се почувствителни на допир. “Механизмите на болка во мозокот се различни поради хормоните“,објаснува доктор Ник Лосеф.
Возбудениот мозок е виновен за мигрена кај жените
Мигрената ги погодува и до три пати повеќе жените отколку мажите а тој феномен најчесто се објаснува со флуктација на хормоните. Но можеби постои уште еден фактор: кај жените полесно се активираат мозочните бранови поврзани со мигрената, вели доктор Ендрју Чарлс од Универзитетот во Калифорнија.
Жените се повеќе склони кон депресија
Жените два пати веројатно ќе поминат низ епизода на голема депресија отколку мажите а особено кај оние кои се склони кон хормонални пореметувања. “Вкупните докази сугерираат дека машките и женските емоции работат поинаку“, вели доктор Моир. “Постојат неколку разлики во подрачјето на кое се обработуваат емоциите заради кои жените почесто заземаат негативен став за состојбите и повеќе се грижат за проблемите. Тоа го пореметува спиењето а ако не спиете станувате депресивни“,вели Моир.