Закани до македонците во Мала Преспа

Објавено: 23 април, 2013, во 18:46 часот

Македонците од Мала Преспа добиле закани од албанска партија дека кога ќе дошла на власт повторно ќе се вееле албански знамиња во Мала Преспа.

Заканите од партиски собир во Подградец  ги упатил лидерот на Алијансата на Црвено-црни, Крешник Спахиу. Тој порачал дека не изборите во јуни не му биле потребни гласови на македонците.

„ Пред околу една година предложивме идеја за предлог-закон за албанските и странските топоними. Тогаш ги прашавме граѓаните во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и тоа ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој и без политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори на 23 јуни, наместо албанизирање се случува спротивното, албанските имиња се словенизираат“ рекол Спахиу.

Решавајќи по жалбата на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, во врска со инцидентите предизвикани од членови на Алијансата на црвено црни, на 16 декември лани,  комесарот за заштита од дискриминација донел решение во рок од 30 дена Алијансата во рок од 30 дена јавно да им се извини на Македонците во Пустец. Доколку немало јавно извинување ќе имало парична казна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.