Основна обработка на почвата и ѓубрење на лозјата во род!
После бербата на грозјето неизоставни се двете агротехнички мерки, основната обработка и ѓубрење на лозјето, советуваат агро стручњаците.
Со операцијата за основна обработка најпрво се ора земјата на одредена длабочина и со тоа може да прими поголеми количини на вода за време на зимскиот период кои подоцна ќе ги искористи за следната вегетација. За време на оваа операција се уништуваат и плевелите а штетниците кои ќе се најдат на ниските температури затоа што тие угинуваат.
Пред основната обработка прво се ѓубри почвата со комплексни минерални NPK ѓубрива кои содржат малку азот, повеќе фосфор, и најмногу калиум, чии сооднос е 1 : 2 : 3.
Покрај редовното ѓубрење со минерални ѓубрива, за лозовите насади треба да се практикува и ѓубрење со органски ѓубрива каде најчесто се применува арското ѓубре. Со употребата на органските ѓубрива се подобрува структурата на почвата.
Агрохемиска анализа на почвата, хемиска анализа на лисјата и планираниот принос, се трите критериуми врз чија основа се одредува количината на ѓубре за редовно ѓубрење на лозјата.
За оваа намена најчесто се употребуваат NPK 7:14:21, или 7:20:30, или 5:20:30, или 8:24:16, или 10:30:20 а односот на чистите хранива во овие ѓубрива одговара на потребите на самата винова лоза.
Со употреба на 500 до 700 кг на хектар од овие ѓубрива, во почвата се внесуваат 30 до 50 кг. чист азот, 70 до 140 кг. фосфор и 110 до 250 кг. калиум. Наведените количини фосфор и калиум ги обезбедуваат целокупните годишни потреби на лозјата од овие елементи, а внесените 30 до 50 кг. чист азот, ја обезбедуваат исхраната на лозата во есенскиот и зимскиот период.