Северна Кореја го држи на нишан Токио!?
Објавено: 12 април, 2013, во 20:38 часот
Северна Кореја по заканите за напад врз САД и Јужна Кореја најави дека Токио е првиот град кој ќе бил нападнат поради непријателски став на Јапонија. Ваков е заклучокот од новото видео во кое се осудува јапонската одлука според која треба да се уништат сите ракети кои што би биле лансирани кон Јапонија.
Претходно Јапонија како одбрамбена мерка го распореди својот противракетен систем „Патриот“, и испрати разорувачи во Источното море, пишува Фактор.мк
Според тврдењата од Белата куќа, Северна Кореја не докажала дека има технологија за да лансира ракети со нуклеарно полнење. Сепак, посочи портпаролот Џеј Карни, и покрај тоа САД преземаат мерки на претпазливост.
Американскиот претседател Барак Обама по состанокот во Белата Куќа со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара од Северна Кореја да ја прекине воинствената реторика.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Маргулов денеска се сретна со севернокорејскиот амбасадор во Москва. Тој апелираше да се воздржат од акции, кои би можеле да доведат до понатамошна ескалација на тензиите на Корејскиот Полуостров.
