Руски богаташ го купи островот на Оназис!

Објавено: 11 април, 2013, во 22:52 часот

Островот Скорпиос кој беше во сопственост на грчкиот милијардер Арисотел Оназис е продаден на анонимен руски бизинсмен за 153 милиони долари, пишува „Бизнис инсајдер“.

Оназис, тој остров го купил во 1962 година за 15.000 долари, а постана познат откако на него овој грчки милијардер ја направи венчавката со поранешната прва дама на САД, Џеки Кенеди во 1968 година.

Според англискиот Дејли Мејли, островот го продала внуката на Оназис, Атина Оназис Расел. Таа ја договорила продажбата на островот  со Емир од Катар, ама продажбата пропаднала откако таа одбила да ја спушти цената од 260 милиони долари. Наместо тоа Емирот  купил шест околни острови за 11 милиони долари. Во медиумите нема никаква информација за новиот сопственик на островот на Оназис.

Инаку Скорпиос се наоѓа во Јонското море покрај песочна плажа, а поголема површина се наоѓа и под шума./ А.Д

Извор: Б92

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.