ФОТО: Ријана носи тренерки од Марјан Пејовски!
Сексапилната пејачка од Барбадос деновиве се појавува во спорски варијанти, кои ги комбинира со елегантни обувки со високи потпетици.
Ријана докажа дека и во тренерки и во дрес привлекува внимание. Таа ги покажа своите долги нозе, но не во здолниште, туку во хокеарски дрес. Тоа беше доволно за да привлече внимание кај папараците, кои го следат секој нејзин чекор. Брзајќи на вечера во омилениот ресторан во Холивуд, Ријана беше облечена во хокеарски дрес и сандали со високи потпетици. За црвениот лак на ноктите на нозете и за црвениот кармиин на шега рече дека и прилегаат поради црвените детали на дресот.
Во секој случај, пејачката покажа дека и во дрес може да привлече медиумско внимание.
Ријана викендов присуствуваше на натпреварот на Лејкерси и Клиперс. На овој настан се појави во уште едно спортско издание. Носеше тренерки на познатиот моден бренд “Кокон тозаи”, кој го основа нашиот познат дизајнер Марјан Пејовски. Во исти вакви тренерки се појави и музичарот Кајне Вест./В.Р