Автомобили, автобуси и камиони исчезнуваат под земја проголтани од огромни дупки!
Објавено: 9 април, 2013, во 08:40 часот
Можеби наликуваат на сцени од некој хорор филм, но овие слики станаа секојдневие за жителите на градот Самара, во југоисточна Русија.
Тие живеат во страв,буквално земјата да не се отвори под нив, откако големи дупки почнаа да се отворат низ целиот град оставајќи пустош зад себе.
Отворените подземни пештери се проширија во последните недели и голтаа автомобили, автобуси и најмалку еден човечки живот.
Се верува дека дупките од кои некои со големина доволна да проголта цел камион ги предизвикало свлечиште. Таму сметаат дека топењето на мразот и мешањето со почвата како и дополнителните врнежи предизвикале свлекување на земјиштето под патиштата во Самара.

Големи кратери се појавија на паркинзите, крстосниците, покрај патиштата и помалите автопати.
Широките кратери ги исплашија жителите кои живеат во страв дека земјата ќе ги проголта.
Десетици големи кратери одеднаш се појавија во изминатите неколку недели како што зимата заминува полнејќи ја почвата со вода.
Фотографиите се направени во текот на изминатите неколку недели додека почвата се распаѓа под градската инфраструктура./Н.Р
Извор: DAILY MAIL
