Македонец ги засени сите на бугарскиот „Х Фактор“
Објавено на 13 јули, 2017 во 07:51
Кандидат од Македонија ја дигна публиката на нозе уште во првиот ден на аудиции пред жири во музичко шоу № 1 – X Factor.
“Дојдoв до Бугарија, бидејќи тоа е најпрестижното шоу во кое учесниците стануваат ѕвезди”, коментира Марио Арангеловски кој веќе е познат на македонската публика и од различни телевизиски формати.
“Ги повикувам сите Македонци да гледаат онлајн X Factor”, изјави Криско, кој не го криеше симпатиите кон незаборавниот кандидат.
Не очекува ветувачка пета сезона!”, коментираат од екипата на шоуто, кое ќе се врати оваа есен.
Сите кои сакаат да присуствуваат на првите чекори на идните ѕвезди и да ги споделат своите емоции на жирито, можат да се вклучат во публиката на аудиции во живо пред жири на 17, 18, 19 и 23 јули.