САД испратија борбени авиони во Јужна Кореја

Објавено на 1 април, 2013 во 12:15

САД распореди борбени авиони „Стелт“ во Јужна Кореја  како дел од заедничките воени вежби на двете земји, изјави офицер од  одбраната на САД.

Авионите од типот  F-22 вчера се испратени во главната база на САД Во Јужна Кореја  U.S. во услови на тензии на Кореанскиот полуостров.

Воената команда на САД Во Јужна Кореја соопшти дека авионите пристигнале како поддршка на годишната  воздушна вежба „Foal Eagle“  коja се спроведува во согласност со примирјето што стави крај на вооружените судири од 1953 година.

Како одговор на заедничките воени вежби на сојузниците ,Северна Кореја ја засили  воената реторика и манифестацијата на сила и на 11 март годинава, 10 дена по почетокот на воената вежба, објави дека промирјето е неважечко. Пјонгјанг го направи тоа во период  на засилени тензии.

„Учеството на САД во вежбата „Foal Eagle“ е со цел да ја покаже посветеноста на земјата кон стабилноста и безбедноста во регионот на Азискиот Пацифик“ соопшти воената команда на САД во Јужна Кореја во изјавата во која  од Северна Кореја побара да го спушти тонот во реториката.

Во изјавата меѓу другото стои „ Демократската Народна Република Кореја нема да постигне ништо со закани и провокации кои уште повеќе  ќе ја изолираат Северна Кореја и ќе ги поткопаат меѓународните напори да обезбедат мир и сигурност во Северна Азија. Се повикуваат лидерите на Северна Кореја да го прифатат повикот на Претседателот Обама да го изберат патот на мирот и да ги почитуваат нивните меѓународни обврски“.

Распоредувањеето на авионите уследи по свежите закани од изминатиот викенд од страна на пропагандната машинерија на Пјонгјанг во кои САД се споредува со „зовриена тиква“ неспособна да издржи напад од странски непријател како што објави Централната корејска новинска агенција.

Во објавата се вели и дека Северна Кореја може да издржи офанзива од надвор, благодарение на засолништата што владата ги изградила ширум земјата.

Но, она што го велат Пентагон и владата на Кореја не е ништо ново.

„Во овој момент немаме индикации дека ова е нешто повеќе од воинствена реторика“ изјави претставник на Департментот за Одбрана на САД.

Националниот совет за безбедност кој го советува претседателот по прашање на војна имаше сличен став и соопшти дека Вашингтон смета дека изјавите на Северна Кореја се „неконструктивни“, но заканите сериозно се разгледуваат./Н.Р

Извор: CNN

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.