Демир Капија атрактивна за туристите но, сепак недоволно истражена
Демир Капија, дел од богатата историја, место каде се врзуваат виното и љубовта, каде се спојуваат медитеранската и умерено континенталната клима со дури 280 сончеви денови во годината. Богато приридно и историско наследство. Мостот на историјата, како што се нарекува во овој крај, крие во себе многу историски приказни за кои се жедни туристите.
Приказната за транспортирањето на околу 70.000 Евреи од Солун кон “Аушвиц“ во 1943 година, е само една од нив. Музејот на Вино Демир Капија е еден од четирите вакви музеи во Европа, кои се посветени на виното, како и винските археолошките експонати. Но она што навистина предизвикува внимание е долината на кактусите.
Со изградбата на новиот автопат за Демир Капија се отвора нова туристичка карта, повеќе туристи но и инвеститори. Така да деновиве градот доби и нов хотел, каде ресторанскиот дел е веќе пуштен во употреба. Катерина Митревска инвеститор, соопштува дека врз основа на спроведена анализа, изборот падна на локација во општина Демир Капија.
Убавините на Демиркаписката Клисура претставуваат вистинска атракција за туристите кои се воодушевени од природата, карпите, кањонот,прекрасната флора и фауна. За развој на туризмот придонесуваат природните раритети ,спелеолошките појави кои се создадени во варовничките маси на клисурата. Во Демиркаписко има голем број пештери. Беловодица, Горни и Долни Змејовец се само дел од бисерите на овој крај кои на тамошното население им се добро познати, но сепак не се доволно истражени и понудени како туристичка атракција./Б.Н.Т