Туркиш Ерлајнс прогласена за авиопревозник на годината, „Ататурк“ за најдобар аеродром!
Објавено: 19 март, 2013, во 12:54 часот
Организацијата „Ер транспорт њуз“ ги врачи наградите на церемонија во Монтреал.
„Туркиш ерлајнс“, минатата година оствари заработувачка од 1,1 милијарда долари и порача рекордни 117 авиони „Ербас“
Според директорот на турскиот авиопревозник Темел Котил наградата „повторно докажува дека Туркиш ерлајнс претставува најсветла ѕвезда во светското воздухопловство“.
