Инагурација на папата Франческо!
Објавено: 19 март, 2013, во 08:32 часот
Во присуство на десетици илјади луѓе, на плоштадот Свети Петар во Ватикан, денеска, ќе биде инаугуриран на миса.
Тој и формално ќе стане лидер на околу милијарда и 200 милиони римокатолици во светот.
На настанот ќе присуствуваат повеќе државници. Во Рим пристигнаа Кристина Кирхнер, претседателка на Аргентина, родната земја на папата, германската канцеларка Ангела Меркел и американскиот потпретседател Џо Бајден, како и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Се очекува и присуството на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, што ќе биде прв пат еден поглавар на православната црква да учествува на инаугуративна миса, од разидувањето на двете цркви во 1054 година.
