Заменик уредникот на Ројтерс добил отказ бидејќи им помагал на „Анонимни“!
Објавено: 15 март, 2013, во 22:49 часот
Заменикот уредник за социјалните мрежи во новинската агенција Ројтерс,Метју Киз е отпуштен поради тоа што и помагал на хакерската група позната под името „Анонимни“ да влезат на сајтовите на американските весници.
Портпаролот на Ројтерс, Дејвид Џирардин потврдил дека Киз е отпуштен со отпремнина,но не сакал да открива детали за тоа.
Киз кој има 26 години,наводно во декември 2010 година на „Анонимни“ им доставил влезни шифри во системот на Трбјун, ќерка фирма на компанијата Тајмс, која исто така е сопственик на телевизиската станица во Сараменто од која Киз порано бил отпуштен.
Инспекторите тврдат дека Киз,шифрите ги отстапил на член на „Анонимни“ познат по прекарот Шарпај и го повикал да направи штета во системот на Трбјун.
Киз почнал да работи во Ројтерс минатата година како заменик уредник за социјалната мрежа.
Тој не одговарал на телефонските повици на медиумите кои сакале да го слушнат и неговиот коментар.
Против него ќе биде поднесено обвинение за завера и обид за нанесување на штета на компјутерскиот систем како и за издавање информации.
Доколку биде осуден,максимално би можел да добие 25 години затвор и парична казна од 500.000 долари./Б.Н.Т
